Веб платформата Има попуст е насочена кон заштита на приватноста на посетителите на веб сајтот www.imapopust.com.

Ве молиме да ја прочитате Политиката на приватност во која е објаснето како ги користиме и како ги заштитуваме вашите лични податоци при користењето на услугите кои ги нуди Веб платформата Има попуст на веб сајтот www.imapopust.com.

Со посета на нашиот веб сајт или со користење на нашите услуги, Вие како потенцијални клиенти, односно крајни корисници на услугите се согласувате на собирање и користење на вашите податоци како што е утврдено во оваа политика.

1.Информации кои ги собираме

Веб платформата Има попуст собира лични информации или лични податоци кои идентификуваат одреден клиент, односно краен корисник. Имено, при креирање на личен профил на веб платформата Има попуст, правење нарачка, пишување на коментари и рејтинзи за своите нарачки, објавување на коментари и содржини на форуми, социјални мрежи, испраќање повратни информации на нашиот веб сајт и на нашата е-маил адреса, барање податоци за нашите услуги, поднесување на договор за соработка, Веб платформата Има попуст го задржува правото да побара одредени Ваши податоци. Не секогаш е потребно задолжително вклучување во некоја активност која бара лична идентификација. Доколку одберете некоја активност која бара лична идентификација, во тој случај го задржуваме правото да побараме да обезбедите лични податоци како име и презиме, адреса за достава на нарачката, е-маил адреса, телефонски број за полесно стапување во контакт со Вас како наш потенцијален клиент, односно корисник на услуга. Во зависност од активноста која сте ја одбрале, внесувањето на некои податоци е задолжително и во случај да не будат внесени тие податоци нема да ви биде дозволено да ја извршите конкретната активност.

2.Употреба на информации

Причините поради кои ги собираме вашите податоци се:

  • да ги поврземе Вашите нарачки со платформата Има попуст и да ја извршиме нивната испорака до Вашата адреса;
  • да контактираме со Вас со врска со вашите нарачки и доставата на истите;
  • да контактираме со Вас за промотивни понуди или други комуникации кои може да бидат во Ваш интерес;
  • да одговориме на Вашите прашања и помош околу појавата на евентуални проблеми при достава на вашата нарачка;
  • да ги персонализираме содржините кои ги гледате кога ја посетувате нашата платформа и нашите услуги;
  • да им помогнеме на нашите партнери со кои соработуваме да ги подобрат своите понуди и квалитет на производите и услугите и
  • за пресметување на вкупниот број посетители и корисници на нашите услуги.

3. Откривање на вашите информации

Платформата Има попуст нема да ги открива, споделува или изнајмува Вашите лични податоци и информации на други лица, односно може да ги споделуваме вашите податоци со овластените бизнис провајдери кои извршуваат функции во наше име. Тие активности се состојат од испраќање и дистрибуција на административни и промотивни пораки, анализирање на податоци, работење на веб платформата, решавање на проблеми, обезбедување на служба за корисници, организирање маркетинг активности, наградни игри, доделување купони за бесплатна достава и сл.

Исто така, оваа веб платформа може да собира лични податоци од поединци, но и од бизнис претпријатија со кои има склучено договор за соработка и може да ги споделува со цел да ги оствари основните административни задачи. Кога правите нарачка, податоците од вашата регистрација се процесираат со цел да се потврди нарачката. Веб платформата може да ги споделува Вашите податоци за наша заштита и заштита на другите.

Веб платформата го задржува правото да ги открива вашите лични податоци ако тоа се бара согласно закон и доколку тоа е неопходно за да ги заштитиме нашите права во судска постапка, судски налог или правен процес во врска со нашата веб платформа.

4. Безбедност и задржување на податоци

Оваа Веб платформа се труди да ги заштити Вашите податоци од неовластен пристап и/или незаконска обработка, случајно губење, уништување и оштетување. Веб платформата ги задржува Вашите информации во разумен временски период согласно закон. Вие сте одговорни за одржување на доверливоста на лозинката која сте ја одбрале за да ви овозможи пристап до одредени делови на оваа Веб платформа. Потребно е да не ја споделувате Вашата лозинка со никого. Иако Веб платформата превзема чекори за заштита на вашите податоци, сепак не може да ја гарантира безбедноста на истите кои се пренесуваат на веб-сајтот, односно секој пренос е на Ваш сопствен ризик.

5. Пристапување и коригирање на вашите лични податоци

Со логирање на Вашиот профил можете да ги промените или избришете вашите податоци кои ги имате внесено при Вашата прва регистрација. Единственото што нема да можете да го промените е вашата е-маил адреса. Доколку сакате да го користите Вашиот профил со друга е-маил адреса, ќе мора повторно да креирате нов профил со новата е-маил адреса и вашите податоци. Доколку сакате да го деактивирате или отстраните профилот може да испратите барање на [email protected] Веб платформата ќе ги чувa вашите лични податоци се додека профилот е активен.

6. Промени во политиката на приватност

Повремено можно е менување на нашите услуги и од тие причини го задржуваме правото да ја ажурираме или измениме политиката за приватност во било кое време и без претходна најава. Ваше право е периодично да ја проверувате политиката на приватност при посета на нашата веб страна.

7. Контакт

Ве молиме да не контактирате доколку имате било какви прашања во врска со нашата Политика на приватност. Можете да не контактирате онлајн на [email protected] или на тел. 078 266 830

продукти