ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГИТЕ

Добре дојдовте на веб сајтот на веб платформата „Има попуст“ (www.imapopust.com)

Веб платформата „Има попуст“ претставува современ веб сајт за електронска трговија кој може да го користат сите физички и правни лица согласно точно утврдени Правила и услови за користење на услугите.

Правилата и условите за користење на услугите се обврзувачки сегменти помеѓу Вас како клиент, Веб платформата „Има попуст“ и директните соработници на веб платформата (он лајн продавници).

Ве молиме, внимателно да ги прочитате правилата и условите за користење на услугите од веб платформата „Има попуст“ и доколку не се согласувате со истите, треба веднаш да ја напуштите интернет страницата и да го прекинете користењето на услугите. Во спротивно, доколку сакате да станете клиент и да ги користите услугите, мора да ги прочитате правилата и условите за користење на услугите и да го потврдите Вашето прифаќање за време на процесот на регистрација.

Одредени услуги може да бараат дополнителни правила и услови и во тој случај кликнување на „прифаќам” копчињата и/или други назнаки и/или други слични методи за стекнување на Вашата согласност ќе значи дека сте согласни со наведените правила и услови (доколку ги има).

Администраторскиот тим на веб платформата „Има попуст“ може повремено да прави измени и/или дополнувања на правилата и условите за користење на услугите, при што тие ќе стапат во сила во моментот на нивното објавување на интернет страницата imapopust.com. Вие сте согласни да ги прифатите промените во правилата и условите за користење на услугите веднаш по нивното објавување. Поради тоа, особено е важно редовно да ги прегледувате правилата и условите за користење на услугите, со цел да се осигурате дека сте навремено информирани за сите настанати промени.

1.Oпис на услугата

Веб платформата „Има попуст“ на регистрираните корисници им овозможува користење на услуги и можност за купување на производи кои се понудени он лајн од страна на веб продавници кои се директни соработници на веб платформата.

Кога се регистрирате на Веб платформата „Има попуст“ потребно е да:

1.Внесете важечки податоци за Вас како клиент;

2.Внесете и користите само легална и пристојна содржина.

Откако ќе се регистрирате на веб платформата како клиент, станувате директен корисник на производите и услугите кои се понудени на интернет страницата од страна на он лајн продавачите на производи.

Корисниците кои сакаат да купуваат преку Веб платформата „Има попуст“ треба да се регистрираат преку опцијата “Регистрација”, каде опцијата “Јас сум клиент” е наменета за регистрација на физички лица, а опцијата “Јас сум продавница” е наменета за регистрација на правни лица.

Секој корисник сноси целосна одговорност за своите активности при користењето на услугите од Веб платформата „Има попуст“ и секој регистриран корисник се согласува да добива нотификации на е-меил адресата со која е регистриран на Веб платформата „Има попуст“.

2.Купување преку Веб платформата „Има попуст“

Купувањето преку Веб платформата „Има попуст“ се прави со клик на копчето „НАРАЧАJ“ и со едноставно пополнувањето на формуларот за „НАРАЧКА“ кој веб платформата го генерира кога ќе биде избрана опцијата за купување.

Во рамки на своите заложби за заштита на правата на потрошувачите, како и унапредување на довербата во онлајн трговијата, Веб платформата „Има попуст“ на корисниците како купувачи им ги гарантира следните права:

  • Право на враќање на производот во рок од 8 дена од приемот, во случај истиот да има недостаток или да не одговара на описот објавен за него на веб платформата „Има попуст“, при што трошоците за доставата и евентуалните други трошоци за враќањето ќе ги сноси продавачот и
  • Право на замена на производот во рок од 15 дена од приемот во случај истиот да има соодветен квалитет, но да да не му одговара на купувачот во однос на формата, големината, моделот, бојата, бројот или од други причини, при што трошоците за доставата и евентуалните други трошоци за замената ќе ги сноси купувачот.

Можностите за враќање и замена ќе можат да се остварат само и единствено доколку производот биде вратен неупотребуван, ако е сочуван изгледот на производот, употребните својства, пломбите, фабричките етикети, како и придружната документација која на купувачот му била дадена заедно со производот.

Враќање или замена на производите купени преку Веб платформата „Има попуст“, ги гарантираат продавниците кои се дел од од платформата и истите се договараат директно со продавниците преку каналите за комуникација достапни за комуницирање.

Веб платформата „Има попуст“ се оградува од било каква одоговорност поврзана со евентуално настанати „проблеми“ или „недоразбирања“ поврзани со процесот на враќање и/или замена на производите.

продукти